Пукање на улиците на Минеаполис: Едно лице е убиено, а 11 се повредени

Точка

21/06/2020

12:46

2.021

Големина на фонт

а а а

Едно лице е убиено, а 11 се повредени во пукање во Минеаполис во американската сојузна држава Минесота, соопшти полицијата рано утринава по локално време.

Во претходната објава на Твитер, од полицијата наведoa дека сите лица биле хоспитализирани со повреди од различен степен. Како што пренесува “AP”, засега никој не е уапсен. 

##https://twitter.com/KyleHooten2/status/1274599576503230465?s=20##

Претходно, полицијата ги советуваше граѓаните да го избегнуваат делот од градот во кој дошло до пукање, но не изнесе детали од инцидентот. Делот од градот на кој се однесувало предупредувањето е комерцијален кварт во кој се наоѓа локалниот театар, како и неколку барови и ресторани.

Од Минеаполис започнаа протестите ширум САД, откако во овој град беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на неговото полициско приведување.

##https://twitter.com/FranceNews24/status/1274602736861003777?s=20##