Почина скопјанец во бизарна несреќа на патарината Миладиновци

Макфакс

03/06/2020

12:29

9.612

Големина на фонт

а а а

Синоќа по полноќ било пријавено дека на автопатот Св.Николе – Скопје, пред наплатната станица Миладиновци, се случил сообраќаен инцидент со фатални последици.

Како што информираат од МВР, автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 58-годишник, запрел, по што возачот излегол од возилото.

Во еден момент автомобилиот се придвижил наназад и со задниот дел го притиснал човекот во банкината на патот, по што 58-годишникот починал на самото место.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг