Точка ТВ: “Капсула на спасот” – доколку заживее овој проект, никој повеќе нема да страда во авионски несреќи

Точка

03/06/2020

10:26

5.845

Големина на фонт

а а а

Изумот на Украинецот Владимир Николаевич Татаренко би можел да спаси многу животи...

Авионот се смета за најбезбедно превозно средство на светот, но во случај на несреќа, смртта е речиси загарантирана. За таа цел, украинскиот инженер Владимир Николаевич Татаренко осмислил идејно решение за проблемот со безбедноста на авионите.  

Неговиот “Aircraft” авион би поседувал патничка кабина која би имала можност да се одвојува од носот на леталото.

Во случај на несреќа, пилотите би можеле да притиснат копче кое би овозможило одвојување на кабината заедно со патниците и багажот, од остатокот од авионот. Кабината би се спуштала на земја со помош на падобран, а во текот на приземјувањето би се активирале и воздушни душеци со цел самото слетување да не биде грубо. Воздушните душеци би помогнале и во случај кабината да треба да слета на вода.

Целта на овој изум е целосно да се искорени загубата на човечки животи во авионски несреќи. Засега станува збор само за предлог, но доколку проектот заживее, можеме да очекуваме вистинска револуција во безбедноста на авиосообраќајот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk