Жена со тупаници нападна полицаец: Веднаш беше нокаутирана...

Точка

31/05/2020

13:36

9.533

Големина на фонт

а а а

Нередите ширум САД не се смируваат откако полицаец при апсење го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Сѐ поголемиот број на видео снимки кои се појавуваат на социјалните мрежи јасно ги откриваат размерите на протестите и на насилството на улиците во повеќе градови ширум Соединетите Американски Држави.

На видео кое што пристигна од Балтимор може да се види како една жена два патисо тупаница удри полицаец. Додека нападнатиот полицаец не реагираше, неговиот црномурест колега одлучи да ја совлада жената удирајќи ја со тупаница, по што таа се сруши на земјата.

„Полицаецот кој ја удри жената повеќе не е на работа, го сменивме. Неговиот колега кој два пати беше удрен покажа неверојатна воздржаност, иако беше нападнат“, изјави Бернард Јанг, градоначалник на Балтимор кој порача дека жената требало да биде приведена, а не удрена.

Исто така, жената се наоѓа во притвор и ќе биде обвинета за напад на службено лице.



Спонзорирани линкови

Маркетинг