Бушар за најлошиот љубовен состанок: „Седиме на плажа, целосна романтика... Одеднаш момчето почна да повраќа и да “се крие“ поради дијареа“

Кармин

27/05/2020

16:03

2.628

Големина на фонт

а а а

Познатата тенисерка неодамна одлучила да се вклучи во хуманитарната акција, а потоа природно се наметнала приказната за љубовните состаноци. Таа веројатно го имала најлошиот љубовен состанок.

Преубавата Ежени Бушар предизвикала чудење кога прифатила да оди на љубовен состанок со непознато момче, а парите од тоа требала да ги уплати во хуманитарни цели. Таа дури поставила и оглас:

„Кој ќе победи може да земе и пријател со себе на било кој турнир на кој што јас учествувам. По натпреварот заедно ќе одиме на вечера“ – напишала Ежени и со тоа го означила почетокот на една необична аукција во тенискиот свет.

Неколку денови подоцна се дознало дека победникот понудил 87 илјади долари за таа вечер, а потоа се заблагодарила и Ежени:

„Луѓе, вие сте чудесни, благодарна сум им на сите, не можам да дочекам да го запознам победникот“ – напишала Ежени.

Таа одлучила на видео состанок со Боб Менери кој што платил 40 илјади долари да зборува за поранешните љубовни состаноци.

Во морето прашања, испливала и анегдотата за најлошиот љубовен состанок на сите времиња:

„Најлошиот состанок кој дефинитивно може да го има некој, беше со едно згодно момче. Истиот беше перфектно испланиран, но заврши катастрофално. Дојде да ме земе попладне, па отидовме на плажа и таму нешто јадевме, затоа што вечерта планиравме да одиме на вечера“ – изјавила Ежени.

„Седиме ние така на плажата, зајдисонце, малку по малку се запознаваме... Целосна романтика. Но, момчето очигледно се затрова од храната, па му се слоши. Се обиде да го сокрие тоа, но не вредеше. На секои 10 минути исчезнуваше и се враќаше во полоша состојба“ – продолжила Бушар.

Сепак, не било се така црно. Момчето добило шанса да го поправи својот впечаток на втор состанок...

„Плажа и романтика, а момчето повраќа и има дијареа, па на секои 10 минути трча до некоја грмушка или во тоалет. Кога сфати дека одвај стои на нозе, мораше да се ‘предаде’, па предложи сепак да ја прескокнеме вечерата и сето тоа да го одложиме за нареден пат“ – заклучила Бушар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk