Вознемирувачки фотографии: Активистката Моника Конопова крвнички претепана во семејниот дом - “Татко ми се обиде да ме убие”

Точка

27/05/2020

10:45

8.794

Големина на фонт

а а а

Активистката Моника Ристеска, позната како Моника Конопова, вчера објави вознемирувачки фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат повреди и крв на нејзиното лице.

Моника тврди дека повредите ѝ ги нанел нејзиниот татко, Стојан Ристески, во семејната куќа во скопски Даме Груев.

“Пред два часа татко ми Стојан Ристески неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата!”, напиша Ристеска на Твитер.

##https://twitter.com/MoniqueKonopova/status/1265395473101328384?s=20##

По ваквите фотографии, се огласи и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој ја информираше јавноста дека таткото на Моника е лишен од слобода.

“Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Имено, Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.

Како министер, но пред се како човек го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на целосно расчистување на истото”.

Поради повредите на лицето, активистката Ристеска ќе биде подложена на хируршки интервенции

##https://twitter.com/MoniqueKonopova/status/1265428099967090691?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг