Не ми било судено да бидам машко! Кен стана Барби: Хит трансформација на Родриго Алвеш

Кармин

22/05/2020

15:15

4.340

Големина на фонт

а а а

Познатиот 'вистински Кен', Родриго Алвеш, пред неколку месеци наговести дека всушност цел живот се чувствувал како жена.

На големо изненадување на многумина, после повеќе од 200 операции на телото и потрошени половина милион фунти, тој стана - Барби. Со својот нов изглед привлекол огромно внимание кога се појавил во Лондон кај своите пријатели - во сина тоалета, со цело шише алкохол.

„Божја волја е да бидам жена. Чувствувам дека сакал да ме искористи како алатка за да ги научи другите за трансродовите лица“, раскажал за странските медиуми.


„Кога бев мала, сакав кукли и фустани и се чусвтвував како девојче, но немав претстава за тоа што значи да бидеш трансродово лице. Сега таа тема многу подобро ја разбирам. Потрошив многу пари на тоа да имам вештачки стомачни, бицепси... но во машка кожа се чувствував како промашај. Не ми било судено да бидам маж“, истакнала таа, која сега, како што наведува, се вика Џесика. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk