Катастрофа во Индија! Гуру заразил 15.000 луѓе? Се вратил од Италија, ја прекршил изолацијата и проповедал, па умрел!

Точка

28/03/2020

22:21

6.249

Големина на фонт

а а а

Најмалку 15.000 лица на север од Индија се ставени во карантин, бидејќи се сомневаат дека се заразени од коронавирусот преку нивниот гуру кој потоа починал, соопштија денеска локалните власти.

Гуруто Балдев Синг (70) веднаш по враќањето од Италија и Германија, проповедал во 15 села во индиската сојузна држава Пенџаб, каде претежно живеат Сики. Во меѓувреме се разболел и починал.

##https://twitter.com/ramprasad_c/status/1243525605313871879?s=20##

Тоа предизвикало сериозен хаос во Индија. Локалните власти организирале специјални достави на храна до жителите кои се ставени во уште построга изолација од онаа која во средата се воведе во цела Индија.

„Првото од овие 15 села беше затворено на 18-ти март. Проценуваме дека во карантин се помеѓу 15.000 и 20.000 жители“, рекол неименуван локален службеник и додал дека медицинскиот персонал е подготвен за да им помогне.

Досега 90 лица кои биле во директен контакт со гуруто се заразени од коронавирус. Се очекуваат резултати од уште 200 лица од тие села, за кои се сомневаат дека биле во непосреден контакт со проповедникот.

Овој случај ја запрепасти Индија, а еден локален популарен пејач напишал песна посветена на гуруто, со стихови во кои се наведува дека гуруто одел по селата и го ширел вирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг