Кајли Џенер сподели совети за изолација кои ги научила за време на бременоста

Кармин

24/03/2020

17:16

1.890

Големина на фонт

а а а

Најмладата милијардерка, Кајли Џенер, вешто ја криеше својата бременост, па затоа можеби можеме да ја послушаме.

Ова е период кој на многумина тешко им паѓа. Седењето дома толкав временски период значајно може да влијае на менталната состојба. Додека Кајли само им се враќа на старите навики.

Милијардерката на својот Инстаграм профил со своите фанови сподели факт дека оваа ситуација за неа не е ништо непознато.

„Мојата бременост ме подготви на ова. Домот не го напуштав со месеци. Не претерувам“, напиша Кајли на Инстаграм-стори.

После раѓањето на нејзината ќерка Сторми, Кајли објасни зошто се одлучила за изолација.

„Жал ми е што ве држам во темнина со милиони претпоставки. Разбирам дека се навикнавте да ве носам на сите мои патувања. Мојата бременост избрав да биде нешто што нема да го правам пред светот. Знаев дека морам да се подготвам за оваа животна улога на најпозитивен и најздрав начин, без стрес. Знаев дека моето бебе ќе го чувствува секој стрес и секоја емоција, па избрав тоа да го направам за тој мал живот и за наша среќа.“

Сепак, денешната ситуација, која му се случува на целиот свет, Кајли и нејзината ќерка Сторми ја решаваат така што гедаат цртани филмови во нивниот дом.

„Го гледавме 'Frozen 2' по првпат, а јас се завртев да ѝ кажам дека ја сакам. Ѝ реков: 'Сторми, те сакам. Ти ме сакаш мене?' А, таа рече: 'Пст, мамо.' Бе во шок. Тоа порано никогаш не го направила“, откри Кајли, која е една од ретките на кои им одговара изолацијата.

Затоа, искористете го овој период за уживање со најблиските и најмилите. Можеби поради брзото темпо на живот порано не размислувавме за тоа...


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk