Се верува дека оваа билка има магични својства – нејзиното чување во домот ќе ви донесе среќа и благосостојба

Кармин

12/03/2020

16:01

3.493

Големина на фонт

а а а

Од дамнешни времиња е познато дека оваа билка се користи како еден вид на амајлија. Многу народи веруваат дека со внесувањето на рузмарин во домот, вие внесувате и благосостојба.

Римските свештеници користеле рузмарин како темјан во сите верски церемонии, а тој со децении наназад се користи како заштита од негативни и зли енергии кои влегуваат во домот. 

Во 9-тиот век, Карло Велики инсистирал оваа билка да расте во неговите кралски градини бидејќи верувал во нејзините магични својства.


Еве зошто рузмаринот се смета за магична билка:

Се верува дека рузмаринот привлекува пари и благосостојба во домот, затоа секој дом мора да го има. Исто така можете да го носите и во паричникот.

Закачете неколку гранчиња рузмарин над влезната врата за да го заштитите домот од провалници и да спречите влез на негативна енергија.

Рузмаринот има одлично влијание врз подобрување на меморијата и за таа цел се користи во вид на етерично масло.


Неговиот мирис поволно влијае врз нервните клетки, па затоа е одличен и за опуштање. Од таа причина се користи и при медитирање.

Рузмаринот е поврзан и со плодноста – се препорачува да ставите неколку гранчиња под креветот на кој спиете.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk