Циркусот од Ѓорче стигна до Мадрид: Што напиша угледниот „АС“ за лудилото во Македонија

Дерби

24/02/2020

10:51

2.023

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска јавност во текот на вчерашниот ден беше сведок на една од најбизарните ситуации некогаш видени на нашата спортска сцена, откако на мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев видовме прекин на шанса за гол каква што не се памети.

Гостинскиот фудбалер Костов се погрижи за ситуација која експресно стана вирален хит на цел Балкан, но неговата невообичаена реакција се прочу и подалеку и стигна дури до Мадрид. Угледниот мадридски весник „АС“ го стави на прво место моментот од Скопје во својата рубрика на најнеобични потези за време на фудбалскиот викенд, а описот за потегот на Костов кој на луд начин го спречи Јашаровски кажува доста за виденото на теренот во Ѓорче.

– Прва фудбалска лига во Македонија: Една од најголемите глупости некогаш видени на еден фудбалски терен…, – гласи описот на „АС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг