Песочната бура која ја погоди Шпанија се гледа од вселената: Песокот од Сахара ги парализираше аеродромите...

Точка

24/02/2020

10:45

1.433

Големина на фонт

а а а

Голема песочна бура од Сахара ги погоди шпанските Канарски острови поради што беше пореметен авионскиот сообраќај на популарната туристичка дестинација.

Шпанскиот оператор „Аена“ вчера поради лошата видливост ги откажа, ги одложи или ги пренасочи сите летови од и кон Канарските острови се до текот на ноќта каде што освен на југот на Тенерифе, останатиот авиосообраќај бил нормализиран.


Силниот ветер го пореметил и траектниот сообраќај, а исто така ја отежнал и борбата против пожарите во градот Тасарте на Гран Канарија.


Регионалната влада во саботата го вклучи алармот, а локалните жители беа советувани да останат дома, да ги затворат прозорците и да избегнуваат патувања.


Песочната бура била толку голема што можела да се види и од вселената, а на сателитските снимки може да се види како песокот од Сахара ги обвива шпанските острови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг