Училиштето „Александар Македонски“ забрани мобилни телефони за време на наставата

Макфакс

21/02/2020

15:54

700

Големина на фонт

а а а

Општинското основно училиште „Александар Македонски“ во Аеродром во соработка со Советот на родители донесе одлука за забрана на употребата на мобилни телефони за време на часовите.

За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот.

„Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес. Ги поттикнуваме и другите училишта во општината да ја применат оваа практика“, велат од Општината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг