Пари и Арон Ремзи за Пол Погба

Макфакс

20/02/2020

15:43

1.756

Големина на фонт

а а а

Јувентус биле подготвени да го испратат Арон Ремзи во Манчестер Јунајтед и да исплатат одредена сума на пари за да го добијат Пол Погба.

Информацијата околу можното враќање на Погба во Торино ја објави новинарот Никола Шира. Според него покрај Ремзи, Јувентус биле подготвени да понудат помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Погба беше играш на Јувентус од 2012, кога пристигна од Манчестер Јунајтед, до 2016 година, кога „црвените ѓаволи“ го откупија за 105 милиони евра.

По враќањето на „Олд Трафорд“ тој никогаш не ја повтори формаа од Јувентус. Сезонава поради повредата на глуждот има одиграно само девет натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг