Актерката Хејден Пенетијер повторно била претепана од своето момче Брајан Хикерсон.
31-годишниот Брајан на Денот на вљубените ја нападнал својата девојка и колешка Хајден Пенетијер (30).
Полицијата го уапсила Брајан веднаш по пријавата дека извршил семејно насилство откако Хејден го обвинила дека ја удрил во лице.
Хејден го исфрлила Брајан од дома, а нејзините соседи ја известиле полицијата дека го виделе актерот во дворот.
"Го уби Бог во мене", викала актерката во моментот кога дошла полицијата. Брајан гласно викал дека "не сака да биде обвинет за глупости", но не кажал дали ја удрил Хејден.
Според зборовите на полицијата, актерката во моментот на апсењето на Брајан имала црвено и отечено лице.
Ова е втор пат Брајан да изврши физичко насилство над својата девојка. Тој пред само девет месеци пијан ја нападнал Хејден, па после тоа бил уапсен.
На актерката и забележуваат што, кратко по првиот физички напад му се вратила на Брајан, иако бил насилен кон неа, како и поради тоа што не сведочела против него.
По овој скандал го изгубила старателството над 5-годишната ќерка Каја, која ја добила со боксерот Владимир Кличко.