Барселона го претстави новото засилување кое има откупна клаузула од 300 милиони евра

Дерби

20/02/2020

12:27

1.390

Големина на фонт

а а а

Актуелниот шпанскиот шампион Барселона официјално го промовираше новото засилување, играчот за кој доби зелено светло од шпанската федерација по сериозната повреда која ја заработи Усман Дембеле.

Многу имиња се вртеа во јавноста за да на крајот клубот од „Камп Ноу“ се одлучи за ангажман на 28-годишниот Мартин Брајтвајт. Досегашниот клуб на офанзивецот Леганес не сакаше да остане без него, односно да преговара со Барса за овој трансфер, па каталонците мораа да ја актививраат откупната клаузула од вредност од 18 милиони евра.

Брајтвајт со новиот клуб постигна согласност за договор до 30 јуни 2024 година, а неговата откупна клаузула ќе изнесува неверојатни 300 милиони евра.

Мартин во својата досегашна кариера има настапувано за Есбјерг, Тулуз, Мидлзброу и Бордо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг