Пентагон предупредува: Русија и Турција се на чекор од судир!

Точка

20/02/2020

17:09

3.706

Големина на фонт

а а а

Русија и Турција се приближуваат кон судир од големи размери во сириската провинција Идлиб, изјави претставникот на Пентагон, Џонатан Хофман.

„Можеме да видиме дека Русија и Турција се приближуваат кон голем конфликт на тоа подрачје. Се надеваме дека ќе пронајдат решение за тоа да биде избегнато“, изјави Хофман.

Тој изрази надеж дека меѓународната заедница ќе изврши притисок на Турција и Сирија со цел да бидат сопрени нападите во сириската провинција Идлиб, последната провинција во земјата каде практично и натаму трае граѓанската војна.


Инаку, за време на неодамнешните преговори во Москва, Русија и Турција не успеаа да постигнат договор за намалување на тензиите во сириската провинција Идлиб. Министерот за надворешни работи на Русија порача дека Москва ги поддржува акциите на сириската армија која одговара на „неприфатливите провокации во Идлиб“

Претходно турскиот претседател предупреди дека турската армија ќе ја нападне сириската армија во Идлиб и дека нападот е прашање на време. Според зборовите на турскиот лидер, Турција и Русија се уште далеку од постигнување на договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг