„Ако брзаш животе, остави ме тука“: Митевски и Дац нè разгалија со нова балада за Денот на вљубените

Точка

14/02/2020

11:35

1.452

Големина на фонт

а а а

Дуото Александар Митевски и Драган Спасов-Дац веќе некое време ги разгалува почитувачите на македонска музика со необични композиции.

„Уште ми фалиш“, „Цреши охридски“, „Љуби ме“, се дел од нивните хитови, а нивната верна публика со нетрпение очекува од нив да слушне нешто ново.

Токму денеска, на Денот на вљубените, Александар и Дац специјално ја промовираат нивната нова емотивна и љубовна балада, насловена „Хипноза на една љубов“.

Инаку, оваа композиција е насловна тема за театарската претстава „Хипноза на една љубов" на текст на Душан Ковачевиќ во Драмскиот театар.

За музиката е одговорен Александар Митевски, а за неверојатниот аранжман се погрижил Иле Спасев.

„Дали е хипноза или љубов...“ - дозволете оваа песна полна емоции да ги разгали и вашите души.




Спонзорирани линкови

Маркетинг