Скандалозната Мајли без срам ги прошетала голите гради, а со тоа не престанува да ја интригира јавноста

Кармин

13/02/2020

15:52

5.593

Големина на фонт

а а а

Скандалозната пејачка Мајли Сајрус (27) не престанува да ја интригира јавноста со својата појава, а овојпат одлучила тоа повторно да го направи со провокативен стајлинг (доколку тоа можеме така да го наречеме), со оглед на тоа што била повеќе гола отколку облечена.

Поранешната сопруга на Лијам Хемсворт (30) овојпат одлучила да не сокрие баш ништо, па одеднаш ја покажала брадавицата од левата града.  

Иако веќе е познато дека не носи градник и дека кај неа воглавно сè е транспарентно, сепак повторно успеала да ја шокира јавноста, а фотографирана била во Њујорк додека влегувала во хотел кога се враќала од некој моден настан.


На себе носела црни панталони и бела топ маица, поточно некакви “крпчиња кои меѓусебно биле врзани“.

Да ве потсетиме дека, по неуспешниот брак со актерот и кратката авантура со блогерката, Мајли е во врска со Коди Симпсон и двајцата не се воздржуваат да објавуваат провокативни, интимни и по малку безобразни фотографии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk