Обраќање на екипата од „Медена земја“: „Феникс е голем фан на Атиџе, а таа сака да одмори од камерите и да се посвети на пчелите“

Точка

11/02/2020

11:35

3.185

Големина на фонт

а а а

Денес екипата од „Медена земја“ имаше онлајн прес-конференција бидејќи како што знаеме тие сè уште се наоѓаат во Лос Анџелес, а по церемонијата од доделувањето на престижните награди за Оскар тие порачаа дека никој не треба да биде разочаран поради тоа што не освоија една од златните статуетки.

Главната актерка од филмот и нашата хероина, Атиџе Муратова утрово исто така со песна ја пзодрави Македонија.

На прашањето дали Атиџе се гледа како актерка, таа истакнала дека повеќе би сакала да се занимава со пеење отколку со актерство.

Како што знаеме Атиџе во последниов период беше презафатена со давање интервјуа за локалните медиуми, таа едноставно беше ѕвездата за која зборуваа сите, но сега Атиџе има една скромна молба до сите новинари:

„Сега сакам малку да одморам. Доста беа интервјуата. Доста беа камери и интервјуа. Јас си имам работа со пчелите“ - рекла Атиџе утрово на пресконференцијата.

Обраќање имаше и режисерката Тамара Котевска која изјави:

„Двете номинации се историја, ова е успех кој не знаеме дали некогаш ќе се повтори. Јас и Љубомир сме овде три недели и секој ден за нас беше посебен“.

Кинематографот на „Медена земја“, Самир Љума изјавил дека документарецот едноставно ги освоил срцата на најголемите холивудски ѕвезди, меѓу кои Хоакин Феникс, Тод Филипс и многу други.

„Хоакин е голем фан на Атиџе како и Тод Филипс, режисерот на „Џокер“, но и уште многу други беа воодушевени. Се надевам дека ќе ги објавиме фотографиите од тие дружби“ - порачал Љума.



Спонзорирани линкови

Маркетинг