Сакраменто губеше со 17 разлика на 3 минути пред крајот, Фокс со лудорија од линијата за слободни ги шокираше сите

Дерби

28/01/2020

14:13

1.367

Големина на фонт

а а а

Во моменти кога сите НБА ѕвезди излегуваат на теренот со пораки и посвети за големиот Коби Брајант кој во страшна несреќа го загуби животот во неделата, повеќе од јасно е дека резултатите во НБА лигата се во втор план, но сепак никој не остана рамнодушен на она што се случи во Минесота изминатава вечер.

Тимбервулвси играа одличен меч и се чинеше дека придодадоа уште една победа на своето конто, но наместо тоа, на крајот бевме сведоци на кошаркарско чудо кое ретко се гледа. Сакраменто губеше со 17 поени на неполни три минути пред крајот (115:98), но верувале или не, со страшна серија успеа да се врати во мечот и да се избори за продолженија (119:119).

Сепак, начинот на кој Кингси дојдоа до последниоте поени за продолжение беше навистина невообичаен, бидејќи Деарон Фокс изведе маалска финта со која ги фрли коментаторите во транс. Сосема очекувано, Сакраменто беше во голема психолошка предност во продолжението и на крајот ја „украде“ победата со 129:133, а прво име на мечот беше Бади Хилд со 42 поени.

Останати НБА резултати:

Детроит – Кливленд 100:115

Мајами – Орландо 113:92

Чикаго – Сан Антонио 110:109

Оклахома – Далас 97:107

Јута – Хјустон 117:126



Спонзорирани линкови

Маркетинг