Тодевска се обиде и во водителските води: Еве каков подарок доби од голема музичка легенда!

Кармин

28/01/2020

14:19

6.135

Големина на фонт

а а а

Долго коментираниот балкански и екс-ју музички спектакл „MAC 2020“ кој вчеравечер се одржа во белградската Штарк-Арена имаше свои водители, атрактивни и познати.

Преносот во живо на Канал 5 телевизија од црвениот килим започна во 19:30, а по него прошетаа околу 400 познати лица од шест земји учеснички: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија.


Преносот на манифестацијата започна во 21 часот, а домаќини на вечерта во Арена беа Галеб Никачевиќ, Ана Радишиќ и нашата Тамара Тодевска.

Пред настанот, Тодевска рече дека е многу среќна што ќе биде дел од MAC: „Тоа е ноќ во која ја славиме музиката, различноста и што е најважно – неверојатниот талент на нашите регионални музички уметници.“


Според сценариото, на Тамара ѝ припадна честа да разговара, односно да земе изјава од големите ѕвезди како Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена…

Овој настан за Тамара е едно ново искуство во кое добро се снајде, а на еуфоријата и овој регионален музички спој, веројатно секогаш ќе се сеќава.


Тамара се појави во три стајлинзи за време на нејзините минути на сцената и во ВИП ложите, а доби и податок од Лепа Брена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk