Братот на Ники Минаж силувал 11-годишно дете: Реакцијата на раперката разбесни многумина, а монструмот е осуден на 25 години затвор!

Точка

28/01/2020

12:45

4.687

Големина на фонт

а а а

Ники Минаж е во екот на скандалите поради брат ѝ, кој е осуден на 25 години затвор до доживотна робија, поради тоа што силувал дете од 11 години, откако бил уапсен и обвинет во 2015-та година.

Со ДНК анализа е потврдено дека Џелани Мараж навистина е одговорен за овој монструозен чин.

Во својата одбрана, Мараж рекол: „Сакам да се извинам за болката која ја нанесов. Имав многу голем проблем со пиењето.“

Ники не била присутна во судницата, но писмото кое го напишала во одбрана на својот брат каде го нарекува „внимателен, добар и нежен“, билопрочитано пред судијата .

Откако овие детали се појавија во јавноста, многумина остро ја обвинија пејачката, нарекувајќи ја “сестра на монструм, која нема никакакво чувство за емпатија, како нејзиниот брат“.

Сепак, Ники јавно не се огласи после осудата, а останува да видиме дали јавно ќе изнесе некаков став, со кој ќе ја намали лутината кај фановите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг