Коби: „Оскарот ми е подраг од освојување титула во кошарка“

Супермен

27/01/2020

18:43

3.091

Големина на фонт

а а а

Популарниот кошаркат Коби Брајант го изгуби својот живот вчера по падот на хеликоптерот.

Незапирливиот бек и славен кошаркар кој според пишувањето на американските медиуми речиси секојдневно патувал со хеликоптер избегнувајќи го метежот во ЛА и околината, загина вчера откако негоивот хеликоптер се сруши.

Коби Брајант е еден од 9-мината луѓе кои настрадаа по падот на хеликоптерот.

Покрај неверојатната кошаркарска кариера и 20 години во дресот на Лејкерс на кој им подари и пет титули на првак до повлекувањето во 2016-та година, Коби освои и Оскар на 90-то доделување на Американската филмска академија.

Брајант златната статуетка ја освои во 2018-та година како коавтор на краткометражниот анимиран филм "Dear basketball", заедно со аниматорот Глен Кин.

"Dear basketball" е анимирана верзија на истоимената песна на Коби со која се прости од кошаркарската кариера.

Во цртанот го слушаме неговиот глас и музиката на Џон Вилијамс додека пак анимацијата се потпишува на Кин, некогашната ѕвезда на Дизни.

Погледнете го говорот во кој Коби се огласува по примањето на наградата и во кој вели дека Оскарот му е подраг од освојување првенство во кошарката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk