Ги воодушевила сите на црвениот тепих: Изгледа како модерна Пепелашка

Точка

27/01/2020

17:12

2.096

Големина на фонт

а а а

Аријана била една од највпечатливите на доделувањата на Греми наградите.

Пејачката Аријана Гранде била една од највпечатливо облечените пејачки на доделувањата на Греми наградите. 

Откако ги засенила сите со појавата во раскошниот сив фустан, Аријана се пресоблекла во уште едно бајковито издание во кое изгледала како модерна Пепелшка.

Embed from Getty Images

Аријана одлучила да облече сив топ, како и многу интересен широк фустан со необичен крој.

Убавата пејачка носела и ракавици кои придонеле да изгледа како принцеза.

Покрај овие изданија, пејачката ја видовме и во балска смарагдно зелена тоалета која ја носела на сцената. Со неа исто така носела сатенски ракавици, а внимание привлекувале и ѓерданот и обетките кои ги искомбинирала со бојата на тоалетата.

Embed from Getty Images



Спонзорирани линкови

Маркетинг