Баерн Минхен го потврди ангажманот на фудбалерот на Реал Мадрид

Дерби

22/01/2020

11:39

849

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Баерн Минхен предмалку го потврдија ангажманот на фудбалерот кој подолго време не е во преден план кај Зинедин Зидан, Алваро Одриозола.

24 годишниот десен бек пристигна на „Алијанц Арена“ како позајмен играч и ќе настапува во Баерн Минхен во следните шест месеци.

– По преговорите се договоривме да ги следиме желбите на нашиот тренер и да ја засилиме одбраната, па затоа одлучивме да доиме по Алваро Одриозола. Задоволни сме со засилувањето и му благодариме на Реал Мадрид за пријателските разговори за соработка, - изјави Карл Хајнц Румениге.



Спонзорирани линкови

Маркетинг