Клинтон го нападна Сандерс: Неспособен е и никој не го сака

Макфакс

22/01/2020

10:40

466

Големина на фонт

а а а

Поранешната кандидатка за претседател Хилари Клинтон во новиот документарец го критикува својот демократски ривал, Берни Сандерс, кој денеска повторно е кандидат за Белата куќа, нарекувајќи го неспособен американски сенатор, кој на никого не му се допаѓа.

Клинтон се приклучи на спорот меѓу Сандерс и Елизабет Ворен, неговата актуелна демократска ривалка за овогодинешните избори, која рекла дека тој на приватна средба во 2018 година рекол дека жена не може да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп.

Клинтон во документарецот на телевизиската платформа „Хулу“, кој ќе биде прикажан во сабота на филмскиот фестивал „Санденс“ рекла дека тоа ja покажува „шемата“ во нападите на жените од кампањата на Сандерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг