Официјално: Меган и Хари останаа без титула и повеќе не се “кралско височество“, а ќе мора да ги вратат и паричните средства

Точка

19/01/2020

11:01

5.202

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари и неговата сопруга Меган повеќе нема да ги извршуваат должностите како членови на кралското семејство и повеќе нема да ја користат титулата “кралско височество“ ниту пак ќе добиваат пари од јавниот фонд за должност да членовите на кралското семејство, соопштиле од Бакингемската палата.

Во соопштението се додава и дека Хари и Меган повеќе нема да примаат средства од јавните фондови како и дека треба да ги вратат средствата кои биле вложени во реновирање на нивната куќа.

„Хари, Меган и нивниот син Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на моето семејство“ - напишала кралицата Елизабета II во соопштението.

Кралицата по кризниот состанок со членовите на кралското семејство соопшти дека ја поддржува желбата на Хари и Меган да водат независен живот.

Војводата и војвотката од Сасекс претходно ги изненадија останатите членови од кралското семејство, објавувајќи дека сакаат да имаат “нов работен модел“ кој ќе им овозможи да поминуваат повеќе време во Северна Америка и да бидат финансиски независни.

Хари и Меган се одрекоа и од нивните приходи, односно од парите на даночните обврзници за кои велат дека се пет остсто од нивните средства додека пак 95 отсто од нивните годишни приходи доаѓаат од приватното богатство на принцот од Велс - Чарлс. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг