Се разведуваат Викторија и Дејвид Бекам? Финансискиот крах го уништил 20-годишниот брак

Кармин

13/01/2020

12:44

7.040

Големина на фонт

а а а

Како што наведуваат странските медиуми, во бракот на Викторија и Дејвид Бекам не “цветаат рози” веќе некое време бидејќи работите за многу краток период започнале да одат по надолна линија.

Бекамови се во страв од банкрот откако компанијата на Викторија остварила огромна парична загуба. Како што се наведува, таа само во 2018 година загубила над 12 милиони фунти и постојано е во паника. Пријатели блиски до парот велат дека таа со денови е во солзи. 


“Викторија и Дејвид се свесни дека е готово. Таа со денови е во солзи, преовладува хаос. Дејвид е свесен дека неговата сопруга е вознемирена, но истовремено тврди дека мора да мислат на децата и никако не би требало да продолжат со губењето на милионите. Модата е тешка работа и Дејвид се обидува да ја охрабри Викторија. Ѝ вели дека не смее да биде строга кон себеси, но од друга страна, сепак мора веднаш да реагира”, наведува извор близок до Бекамови.


Исто така, кога последен пат Викторија имала финансиски проблеми, Дејвид не сакал да ѝ помогне. За потсетување, често во медиумите се шпекулирало дека познатиот пар се разведува, а Викторија често ја прозиваат и дека е лоша мајка.

Изворот близок до парот наведува и дека, и покрај тоа што сè се распаѓа, тие ја разгледуваат можноста дефинитивно да стават точка на својот брак.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk