Сите зборуваат за раскинувањето на Ристеска: Крај на романсата поради неверство?

Точка

14/12/2019

15:30

14.924

Големина на фонт

а а а

Пред неколку месеци, естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ обелодени дека пејачката Елена Ристеска е во врска со Филип Арсовски, момче кое е сопственик на скопски ресторан.

Пред околу еден месец, на изненадување на јавноста, Елена за првпат по разводот се појави на јавен настан заедно со Филип, а тоа на некој начин како да беше знак дека нивната врска цели кон нешто повеќе.


Но, работите изгледа не се онакви како што изгледаат. Вчера во медиумите одекна веста дека Ристеска ставила крај на романсата и повеќе не е во љубовна врска со згодниот Филип.

Како што објави „Слободен печат“, до нивната разделба дошло поради неверство на Филип, по што Елена решила да стави точка на нивната врска. Иако тие зборувале сé најдобро еден за друг, а нивните пријатели истакнуваат дека постои место за помирување, ќе видиме дали Ристеска може да го заборави неверството и да се смири со Филип.


Инаку, Елена и Филип пред да ја започнат својата врска биле добри пријатели, а дека пејачката имала сериозни намери со него потврдува и фактот што тој беше првото момче после нејзиниот развод кое го претстави во јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг