Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

Макфакс

13/12/2019

19:07

2.211

Големина на фонт

а а а

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени во изборниот законик, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, открива дека објаснувањето на пратениците дека не биле навреме информирани за измените во изборниот законик и затоа не сакаат набрзина да се расправа за овие закони е само начин да блокираат а за измените биле поканети да разговараат уште во септември.

Морачанин вели дека на сите три расправи на кои биле поканети лидерите од најголемите партии, присуствувале само СДСМ, така што овој бојкот е очекуван, но не е оправдан. Со промените, според Морачанин, би се намалила доминацијата на партиите врз своите членови и би се зголемила одговорноста на поединците на пратеничките листи.

„Со измените во изборниот законик ништо суштинско не се менува во функцинирањето на партиите, а ќе добие општеството и граѓаните. Измената која треба да донесе една изборна единица, без праг, отворени листи и 50% жени на листите и со тоа малите партии да бидат ставени во рамоправна позиција и за да се зајакне демократијата во изборниот процес, очигледно не им оди во прилог на двете големи опозициски партии. Не знам зошто тие не сакаат да дојде до расправа и дебата во Собранието и ова личи само на инатење кое оди на штета на граѓаните“, вели Морачанин. 

За можноста изборите да бидат одложени ако измените на законите не бидат изгласани, зошто пратеничките на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се постигне родова еднаквост на гласачките листи, но и за заложбите на ДОМ за чистиот воздух и отворената поддршка на екоактивистите што се борат против рудниците, разговаравме со Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг