Таа е најмоќната жена на светот: Имаше храброст да му каже "не" на Трамп

Точка

13/12/2019

20:18

3.356

Големина на фонт

а а а

Списанието "Forbes" секоја година објавуваат листа од најмоќни жени кои ја одбележале годината.

На самиот врв на листата како број еден, се нашла германската канцеларката Ангела Меркел. Секоја година списанието бира успешни жени кои дале голем придонес во сверата на политиката, бизнисот и забавата. 

Ова е деветти пат Меркел да се најде на самиот врв на листата. Многумина ја фалат поради тоа што покажала голема храборст и челична волја кога на Доналд Трамп му кажала дека не се согласува со тоа да ги прати бегалците од Сирија во Германија.

На второ место се нашла Кристин Лагард, претседателка на Централната европска банка, која минатата година била на 22-то место.

Трета е Ненси Пелоси, која станала првата жена која ја врши должноста претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Активистката Грета Тунберг моментално е личност на годината според списанието "Time", а на листата на највлијателни жени на "Forbes" се наоѓа на 100-то место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг