Ескалација на Медитеранот: Ќе го потопиме секој турски брод кој ќе се приближи до Либија!

Точка

11/12/2019

16:46

3.405

Големина на фонт

а а а

Силите на либискиот генерал Калифа Хафтар порачаа дека имаат јасни наредби, а тоа се напад на секој турски брод кој ќе ѝ се приближи на Либија.

Моќниот командант на источните либиски сили Калифа Хафтар издал наредба за потпување на секој турски брод кој ќе се појави пред брегот на Либија.

Оваа информација која најавува нова ескалација на Медитеранот пристигна само неколку часа откако Турција и либиските власти од Триполи (втората влада во Либија наспроти владата од Тобрук) порачаа дека е имплементиран претходно постигнатиот договор за поморско истражување, поморски граници и воена соработка.


Покрај тоа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е подготвен да ја испрати и турската армија во Либија доколку властите од Триполи го побараат тоа.

Ова создавање на поморска поврзаност помеѓу Либија и Турција ги загрижи и сите земји кои се наоѓаат „помеѓу“, односно пред се станува збор за Грција и Египет.


Токму на грчката телевизија „Алфа“ еден од командантите на силите на Хафтар, Фараџ Ал-Махдави вчера потврди дека има наредба да го уништи секој турски брод кој ќе се приближи до брегот на Либија.

„Имаме наредби. Доколку се појави било каков турски брод, без разлика дали станува збор за истражувачки или поинаков, кога ќе се приближи до либискиот брег ќе имаме решение. Ќе го потопиме. Хафтар ни даде наредби“, изјави командантот Махдави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг