Спортските сали во Карпош, Кисела Вода, Радовиш и Куманово им се враќаат на општините

Макфакс

10/12/2019

20:06

763

Големина на фонт

а а а

Владата на седница донесе одлука спортските сали Партизан и Расадник да им бидат вратени на Општина Карпош и на Општина Кисела Вода, спортската сала во Радовиш, како и спортската сала во Куманово и други спортски објекти во овој град, да им бидат вратени на Општина Радовиш и Општина Куманово.

Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура.  

На оваа седница на Владата и формално е потврдена одлуката за давање на трајно користење на популарната спортска сала „Кале“ која после многу години ѝ се враќа на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг