Драма во Мадагаскар: Циклон уби 9 лица, 3 се исчезнати, а 1400 останаа без покрив на глава

Точка

10/12/2019

16:36

1.947

Големина на фонт

а а а

Девет лица настрадаа, а три се водат како исчезнати по циклонот Белна кој го погодил северозападниот дел на Мадагаскар, соопштија локалните власти.

Циклонот Белна го погодил крајбрежниот град Соалала, каде повеќе од 1400 локални жители останале без покрив на глава, бидејќи домовите им се уништени, оштетени или поплавени, соопшти националната Канцеларија за катастрофи, пренесува AP.

Жителите се сместени во привремени засолништа во основните училишта, џамии и блиските канцеларии. 

Како што се наведува, оштетени се и многу патишта и административни згради.

Циклонот Белна прераснал во тропска бура и се движи јужно од островот, а обилни дождови и ветрови се очекуваат и во среда, кога се очекува и негово смирување. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг