Исчезнало девојче (13) во Англија: Ја нема повеќе од 48 часа, камерите ја снимиле како влегува во воз за Лондон!

Точка

08/12/2019

13:55

16.450

Големина на фонт

а а а

Расте стравот за животот на девојче (13) кое исчезнало пред повеќе од 48 часа.

Последно што се знае за неа е дека безбедносните камери ја снимиле како влегува во воз, пренесува Дејли Меил.

Атланта Батлер последен пат е видена во четвртокот наутро во малото градче Сенди, Англија.

##https://twitter.com/bedspolice/status/1203322477264416768##

Безбедносните камери на железничката станица ја снимиле како влегува во воз за Лондон, околу 10:56.

Девојчето има долга, рамна кафена коса и сини очи. Полицијата вчера испратила повик за помош за да се пронајде девојчето. Ги објавиле и снимките од безбедносните камери за некој да им помогне во истрагата.

##https://twitter.com/bedspolice/status/1202992192232529921##

На официјалната страна на Твитер напишале: „Објавуваме нови информации за исчезнатата Атланта Батлер. Девојчето пристигнало на железничката станица после 10.30 часот и фатило воз за Лондон во 10:56.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг