Бред Пит: Не сум 'плачко', но станувам чувствителен поради децата

Точка

07/12/2019

17:32

2.638

Големина на фонт

а а а

Филмскиот актер Бред Пит ја отвори душата и покажа емоции во интервју за еден странски портал.

Зборувал за зависноста од алкохол, колку е важно да си простувате себеси и на другите, но и за разводот со Анџелина Џоли и борбата околу старателството.

Пит вели дека на алкохолот гледал како на бегство и дека последен пат плачел пред 20 години.

„Прилично е познато дека не сум плачко. Не сум плачел 20 години, но сега сум почувствителен поради децата, пријателите, новостите во животот. Не знам на каде води ова, но мислам дека е добар знак“, рекол Бред, а пренесува „The Sun“.

Анџелина и Бред официјално се разведоа пред седум месеци, а Бред одреден период не бил во контакт со децата. Сега повторно се во добри односи, а летото го поминале заедно.

Со него интервју дал и актерот Ентони Хопкинс. И тој се борел со алкохолот, но сега 45 години е “чист“. Исто така, колку е постар, толку е почувствителен, но вели дека солзите немаат поврзаност со тагата.

Ентони Хопкинс со Бред Пит првпат работел на филм во 1994-та година, а четири години подоцна повторно биле колеги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг