Дека луѓето се желни за филмови кои не се “празна плоча“ и во кои гледачите не се третираат како пасивни или пак “послушни фанови“, покажува листата на најдобри филмови за 2019-та година според “New York Times“.
Македонскиот документарен филм не е ништо друго освен “пронајден еп“, реална алегорија од животното опкружување и морничава комедија за вековниот проблем на невнимателните соседи.
Ова е приказна за восхитувачка жена со груба надворешност и изненадувачка нежност и деликвентност која живее далеку од развиениот свет во “остатоците“ на едно планинско село. Овој наш филм веќе освои три награди на Фестивалот “Sundance“.
Во оваа драма настапуваат Анор Свинтон Брин, Том Берк и Тилда Свинтон. Бирд ја толкува улогата на млада, богата жена која развива деструктивна врка со повозрасен маж.
Јужнокорејската црна комедија ги следи членовите на едно сиромашно семејство кои се претставуваат како висококвалитетни работници за да се вработат кај некое богато семејство.
Новиот крими филм на Мартин Скорсезе ја следи приказната на возачот на камион чиј лик го толкува Роберт де Ниро кој понатаму станува платен убиец на мафија.
Во оваа драма главните улоги ги толкуваат Скарлет Јохансон и Адам Драјвер, а приказната го следи брачниот пар низ процесот на развод.
Ова е осма филмска адаптација на истоимената новела на Лујза Меј Алкот од 1868-та година. Премиерата ќе биде одржана на 7-ми декември во Њујорк.
Британската историска драма е направена врз основа на масакарот кај Питерло во 1819-та година.
Бразилскиот документарец го следи политичкото минато на режисерот на личен и интимен начин во контекст на првиот мандат на претседателот Лул да Силва.
Дејството на оваа комедија-драма на популарниот Тарантино е сместено во Лос Анџелес во 1969-та година и ја следи приказната на актерот и неговиот двојник, нивните снаоѓања во филмската индустрија.
Оваа романтична драма освоила Гран При во Кан. Љубовта на двајцата млади наидува на проблеми затоа што девојката е ветена на друго момче, а набрзо потоа нејзиниот сакан исчезнува на море.