Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Макфакс

07/12/2019

11:48

1.572

Големина на фонт

а а а

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда.

Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Медиумите објавија дека вчера вечер во Бутел кај аптеката на Зегин непозанти помлади лица нападнале со нож две малолетни деца од Бутел, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг