Пристигнува... Tesla Model Y ќе биде готов пред планираниот рок

Супермен

06/12/2019

14:40

1.045

Големина на фонт

а а а

Првите купувачи на овој автомобил се очекуваат на почетокот на 2020-та година...

Првите купувачи на новиот автомобил на Tesla би можеле да седнат позади воланот на почетокот на 2020-та година, наместо на есен истата година како што претходно било планирано.

Американскиот произведувач на електрични автомбили побарал од своите тајвански добавувачи да убрзаат со изработката на деловите за Tesla автомобилот за Model Y да почне да се произведува пред времето кое претходно беше најавено, дознаваме од “CNBC“.

Како што наведуваат, целта е новиот автомобил да влезе во сериско произведување најмалку шест месеци порано и на патиштата да се појави во првото тромесечие од 2020-та година.


Да ве потсетиме дека кога новиот модел на Tesla беше претставен во јавноста, од компанијата Tesla најавија дека ова возило ќе стартува на есен 2020-та годиан, а пред два месеци Илон Маск изјави дека тој рок е поместен за на лето, следната година.


Директорот на Tesla тогаш изјавил дека подготовките за производството во фабриката во Фримонт се одвиваат значително побрзо отколку што било планирано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk