„ПМС е измислен, а вашата лутина и иритантност немаат никаква врска со тоа туку со нешто друго“

Кармин

06/12/2019

14:11

2.851

Големина на фонт

а а а

Предменструалниот синдром ја карактеризира женската нервоза, зголемен апетит и нежност, но Џејн смета дека овој поим е измислен во Велика Британија и Америка.

Ова го објаснува фактот дека жените кои не живеат во западната култура не сакаат емоционални знаци како ПМС.

Џејн смета дека ПМС е всушност мит кој ја означува врската помеѓу емоцијата и хормоните.

Според нејзините зборови, секоја жена поминува низ емоционален стрес во текот на менструалниот циклус, но таквите симптоми прво ќе ги поврзе со ПМС наместо за тоа да ја обвини својата љубовна врска или пак работата.


Жените кои се во задоволувачки, стабилни врски пријавиле помал стрес пред менструација за разлика од оние кои се во некој вид на “токсична врска“.

ПМС првпат се појавил во Северна Америка во 1931-та година кога на жените им била дијагностицирана хистерија поврзана со репродуктивните органи.

Пред тоа во историјата никогаш не постоел овој термин за состојбата пред менструацијата.


„Денес од жена која е во ПМС се очекува да биде иритантна, лута, а за тоа го обвинуваат своето тело. Жените од останатите култури не знаат за овој термин, но доколку стигнат во западната култура веднаш ќе почнат да пријавуваат вакви симптоми“ - вели Џејн.

„Жените всушност чувствуваат симптоми во текот на целиот менструален циклус, но сакаат сето тоа да го “препишат“ на ПМС. Многу од жените ми се жалат дека со партнерите во тој период најмногу се караат, но јас се обидувам да им објаснам дека тоа има помалку врска со нивните хормони, а повеќе со односот со нивниот партнер“ - заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk