Нудат плата за спиење: Оваа фирма плаќа повеќе од 1.000 евра за спиење 100 денови по ред

Супермен

05/12/2019

20:05

2.948

Големина на фонт

а а а

Речиси секој врабетен ширум светов има основни приговори од работното место со кои се соочува - не е доволно платен, работи премногу и константно е ненаспиен.

Еден индиски стартап овие приговори ќе ги преврти наопаку - нуди плата за спиење.

“Wakefit“ е стартап кој се занимава со здраво спиење и одмор, односно со душеците кои го овозможуваат тоа. Таа компанија бара почетници кои би спиеле на работа по осум часа 100 дена по ред.


За таа “тешка“ работа ќе бидат платени околу 1.344 евра. Најдоброто од сето тоа е тоа што “вработените“ сето тоа би го правеле од дома па така нема да мора да патуваат до работа.

Според пропозициите, идеални кандидати се оние “кои се чувствуваат удобно во околината и оние кои со членовите од нивниот тим ќе можат да заспијат што подлабоко и подолго“. Доколку успеат да ја докажат љубовта кон топлиот дом, таа карактеристика посебно ќе им се вреднува.


Основното барање за добро завршување на оваа работа е фантастичната желба и способност да заспијат било кога и било каде. Од луѓето се очекува уште едно: да сакаат да го поминуваат времето во своите пижами.

Еден од условите кој треба да ги задоволи работодавачите е вработениот да не претерува со гледање телевизија и серии, а компјутер за време на работното време не е дозволен. Предност имаат луѓето кои можат вешто да ги игнорираат пораките и известувањата кои пристигнуваат на нивниот телефон.

Оние кои хрчат се исклучени. Целата цел на оваа работа е тестирање на душеците кои оваа стартап компанија ги произвела па така работниците ќе бидат набљудувани за време на нивниот сон. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk