Пред 27 години е прогласен за најзгоден маж на светот, а денес изгледа како бездомник

Точка

05/12/2019

22:17

10.935

Големина на фонт

а а а

Актерот Ник Нолти сега има долга, седа брада, разбушавена коса и лежерно се облекува, а некогаш бил секс-симбол.

78-годишниот актер Ник Нолти, кој во кариерата снимил повеќе од 50 филмови и дури три пати бил номиниран за Оскар, денес изгледа непрепознатливо. Во младоста го сметале за голем секс-симбол на Холивуд, а по него воздивнувале жените ширум светот. 

Од тогаш минале децении, а Нолти повеќе не е тоа што бил некогаш. Токму спротивното, фоторепортерите го фотографирале во сосема поинакво издание - долгата седа брада, разбушавената коса и лежерното облекување го трансформирале Нолти, па денес ретко кој би го препознал од прва.

Нолти кариерата ја започнал во театар, но набрзо преминал на филмското платно, што му обезбедило планетарна популарност. Освен по актерските остварувања, познат е и по турбулентниот приватен живот, кој го одбележиле борби со зависност и бројни пропаднати љубовни врски.

Се започнало уште во далечната 1965-та година, кога бил уапсен поради лажирање на документи. Поради тоа злосторство добил дури 45 години затвор. Иако звучи застрашувачки, актерот успеал да се извлече од служење на казна, бидејќи пресудата на крајот била отфрлена.

Во 2002-ра година, Нолти имал уште една блиска средба со органите на законот кога бил уапсен поради сомнение дека возел пијан во Малибу. Три дена по апсењето се пријавил во клиника за советување, каде требало да работи на своите проблеми со алкохолизмот.

Крвните наоди покажале дека бил под дејство на дрога која обично се користи за силување, но актерот остро демантирал дека некој некогаш силувал.

Ни на љубовен план не му било мирно, па се женел дури 4 пати, а има и две деца. Инаку, Ник Нолти неколку пати е прогласен за најпосакуван маж на светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг