Е, ова е Црн петок: По грешка ставиле огромен попуст, во рок од два часа загубиле 10,76 милиони долари

Супермен

02/12/2019

15:27

6.980

Големина на фонт

а а а

Водечкиот шведски бренд во областа на иновативната нега и убавина, “Foreo”, поради погрешни цени во системот на онлајн продажба со попуст од 96 отсто на регуларната цена, во рок од два часа изгубил 10,76 милиони долари.

Компанијата денеска објавила соопштение во кое потврдила дека ќе ги реализира сите купувања, остварени по пат на онлајн продажба на Црниот петок, кога поради краткотрајна грешка во системот, купувачите имале прилика да купат иновативен геџет “UFO Smart Masking Device” за само 9,99 долари, наместо по регуларната цена од 279 долари. 

Целокупниот размер на пропустот бил потврден утрово, кога податоците покажале дека биле купени 38.575 парчиња по цена од 9,99 долари, што ја чинело компанијата повеќе од 10 милиони американски долари изгубен приход во временска рамка од само два часа.

Се смета дека до грешката, која се рефлектирала на целата глобална страница на “Foreo”, дошло околу 21:30 часот по средноевропско време, во петокот на 29-ти ноември, кога појавата на невообичаено интензивниот промет на страницата првпат предизвикала пад на веб сајтот.


Претпоставувајќи дека станува збор за очекувано “лудило” на Црниот петок, техничарите ја исправиле грешката, но притоа не забележале грешка во наведената цена на уредот, оставајќи ја опцијата и понатаму отворена за онлајн купување.

Грешката ја воочиле техничарите во ноќната смена кога околу 23 часот дошло до втор пад на страницата поради бројот на корисници кој достигнал незабележливи размери. Во рок од еден час и 20 минути, онлајн продажбата на уредот достигнала ниво од 20 продадени парчиња во секунда ширум светот, се наведува во извештајот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk