Таа е прогласена за жена на годината: Успешната актерка заблескала на доделувањето на наградите “GQ”

Кармин

02/12/2019

10:17

2.019

Големина на фонт

а а а

Младата и успешна актерка Зендаја е прогласена за жена на годината според оценките на престижниот магазин “GQ”.

Зендаја ја оправда оваа титула веќе со неверојатниот говор по преземање на наградата. 

“Жена на годината. Тоа е помалку лудо со оглед на тоа што имам само 23 години и понатаму се обидувам сама да сфатам како да станам млада жена. Некогаш имам чувство дека само одам, одам и одам, и сметам дека многу жени можат да се поистоветат со мене”, го започнала говорот, а потоа додала:


“Меѓутоа, некогаш толку даваме сè од себе што забораваме да застанеме и да доживееме моменти како што е овој. Некогаш чувствувам дека толку работам што заборавам на својот живот и како навистина да бидам присутна во ваквите моменти кога можете да погледнете околу себе и едноставно да бидете таму во тој момент. Тоа е токму она што ќе го направам. Ќе земам една секунда, ќе погледнам наоколу и ќе бидам: По ѓаволите, ова навистина се случува. Навистина кул”.

Зендаја го завршила својот говор со најдобриот свет кој некој би можел да го добие:


“Ве молам, погледнете околу себе колку е сè прекрасно и едноставно уживајте во тоа”, порачала младата актерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk