"Бугарија фашистички окупатор? Епа заборавете на нашата помош"

Точка

21/11/2019

20:07

4.876

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот премиер Бојко Борисов уште еднаш апелирал до Северна Македонија да се откаже од анти-бугарската реторика доколку сака да влезе во Европската унија.

Според неговите зборови, тој за тоа зборувал и со лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски во текот на состанокот во Загреб. 

"Вчера разговарав и со колегата Мицкоски. Антибугарската реторика која тие ја користат не само што треба да ја заборават, туку мора и да сфатат дека е погрешна. Не им кажав случајно дека ако некој од нив каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш тоа во Бугарија значи дека ние на нив на ниеден начин нема да им помагаме, бидејќи не сме биле окупатори, а историјата нема да се менува. Никогаш нема да дозволам на Бугарија да и се лепи таква етикета", истакнал бугарскиот премиер.

Покра тоа, Борисов изјавил дека пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ останува приоритет за Бугарија.

"Европската интеграција на Западен Балкан останува еден од главните надворешнополитички приоритети на Бугарија, со оглед на тоа дека тоа е средство за постигнување на стабилност, мир и просперитет во регионот", заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг