Бебе не можело да заспие без косата на мајка му, па таа смислила бизарно решение

Кармин

15/11/2019

19:38

3.380

Големина на фонт

а а а

Мајката Иларни Кларк имала проблем кој го решила на необичен начин.

Нејзиниот 14-месечен син Хари не можел да спие без да ја допре нејзината коса, а кога кубењето почнало да ѝ создава проблеми, смислила морничаво решение.


Контактирала една фризерка и ја замолила да ѝ даде кукла која има иста боја и должина на косата како неа. И тоа успеало! Малиот Хари повеќе не ја пушта главата на куклата и сега, освен што спие со неа, ја носи и надвор од домот и јаде со неа.

„Неколкупати помислив дека има уште некој во собата, бидејќи главата е навистина морничава, а дури и еднаш ја бакнав за добра ноќ, бидејќи ја заменив со Хари“, признала Кларк за Дејли Меил.


„Во нашиот кревет сме јас, мојот сопруг, Хари и таа глава. Беше застрашувачки првите ноќи“, додала мајката.

Многумина сметаат дека нејзиното решение е бизарно, но има родители кои ја разбираат, бидејќи и самите имаат деца кои се опседнати со коса, па ја фалат нејзината генијална идеја. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk