Трамп го пофалил својот однос со Ердоган: Долго сме пријатели, речиси од првиот ден! Ја разбираме земјата на другиот

Точка

14/11/2019

10:16

452

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го пофалил својот однос со турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган, со кој се состанал во Белата куќа за да ги надминат растечките разлики меѓу двете земји, сојузници во НАТО.

Нивните разлики се движат од политиките во Сирија, до турското купување на руски ракетни одбранбени системи. 

Топлото добредојде на Трамп за турскиот претседател доаѓа во момент на протест во американскиот Конгрес поради офанзивата на Турција во Сирија за протерување на курдската милиција, главен партнер на Вашингтон во борбата против ИСИС, наведува "Reuters".

"Ние сме долго време пријатели, речиси од првиот ден. Ја разбираме земјата на оној другиот. Разбираме од каде доаѓаме", му рекол Трамп на Ердоган во Овалната соба во Белата куќа.

"Тие се високо почитувани во својата земја и во регионот", рекол Трамп за Ердоган и за неговата сопруга Емина.

Зборувајќи за Сирија, Трамп рекол дека примирјето во таа земја многу добро се одржува.

Трамп на новинарите исто така им рекол дека односот меѓу САД и Турција е добар, како и дека неговата администрација разговара со Курдите, кои, како што изгледа, се задоволни.

Американскиот претседател навел дека Ердоган и тој подоцна ќе разговараат за рускиот ракетен систем и за потенцијалниот билатерален трговски договор вреден 100 милијарди долари.

"Ние исто така ќе разговараме и за трговскиот договор. Значително ќе ги прошириме нашите трговски врски", додал Трамп.

Пред Белата куќа се собрале демонстранти кои ја осудиле посетата на Ердоган и го повикале Трамп да ги заштити Курдите на кои им се заканува турска офанзива во Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг