Ѕвездата на Челси има друг фаворит: Меси и Роналдо даваат многу голови, но не се како најдобриот!

Дерби

14/11/2019

09:46

623

Големина на фонт

а а а

Френк Лампард направи вистинска револуција во составот на Челси потпирајќи се на млади фудбалери од младинската школа на клубот, но исто така задржа и неколку фудбалери кои имаат големо искуство, создавајќи извонредна хемија која во последно време носи големи резултати.

Самиот Лампард е презадоволен од изданијата кои ги прикажуваат неговите избраници, а пред извесно време, нагласи дека негов најдобар фудбалер е Бразилецот Вилијан кој значително ја крена формата по лошиот старт на сезоната. Крилниот напаѓач всушност е еден од поискусните фудбалери на Челси, а покрај тоа што ужива со настапите на теренот, сега се издвои и со една изјава која ја даде за специјализираниот фудбалски портал „Гол“.

Правејќи паралела за сите големи играчи кои имаше можност да ги види во последната декада, Вилијан интересно не се одлучи за Меси и Роналдо, посочувајќи дека подобар играч од нив бил неговиот сонародник Роналдињо.

– Роналдињо беше најдобар меѓу најдобрите, подобар од сите. Подобар од Меси и Кристијано. Тие даваат многу голови, но она што го правеше Рони, беше неверојатно за гледање. Беше застрашувачки на теренот, правеше секакви потези, а даваше и голови. Како негов голем фан, мислам дека прерано запре на педалот. Ако продолжеше на тоа ниво, ќе беше најдобар во светот три, четири или пет години по ред, – вели Вилијан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг