Веднаш ќе сакате да го пробате: Мајка со необичен трик го смирува расплаканото дете за секунда

Кармин

13/11/2019

16:21

4.647

Големина на фонт

а а а

Понекогаш е тешко да го смирите расплаканото бебе, но една мајка открила дека постои необичен трик со кој може да го смири нејзиното дете за секунда.

Мајката на расплаканото бебе, Кортни Вајт, споделила неверојатен трик кој нејзиниот син го обожува, а ако сакате и вие да го пробате, ви треба масажер за глава.

Родителите не можеле да веруваат дека со овој едноставен трик можат да му го запрат плачењето.

Со оглед на тоа дека бебето во истата секунда престанало да плаче, Кортни знаела дека ова мора да го сподели на социјалните мрежи. Па така го снимала детето додека плаче, а потоа го искористила масажерот за глава и го покажала неговиот резултат.

На почетокот на видеото бебето неутешно плаче, а потоа мајката му го покажува масажерот за глава. Во тој момент нејзиниот син се смирува и почнува да се смее, бидејќи веројатно знае што следува.

Кортни потоа почнува да му го масира главчето, а неговиот израз на лицето се претворил во чиста радост и повеќе нема ни трага од солзите.

„Син ми сака добра масажа на главата“, напишала под објавата.

Видеото станало вирално и прегледано е повеќе од 6 милиони пати.

Многу родители се воодушевени и рекле дека ќе го пробаат овој трик, додека други се разнежниле од изразот на лицето на бебето. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk